Skip to main content

Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани

642 матуранти од охридските средни училишта денес беа екстерно тестирани. Од трите средношколски образовни центри во градов велат дека се изминало во најдобар ред.

 |  Јаковлева Лионела  | 
eksterno
екстерно

Матурантите од Охрид денес беа екстерно тестирани. Тие минатите години беа изземени од ваквиот вид тестирање бидејќи  во јуни полагаат матура. Учениците  за денешниот екстерен тест, како и за оној в петок имаа на увид 60 илјади прашања. Бројот на прашања кои се на тестот зависи од тоа колку предметот е застапен неделно во наставата. Двата предмети по кои се тестираат, учениците ги дознаа пред два дена. Во средното училиште Ванчо Питошески тестирани се 102 ученици и тоа по македонски јазик, математика, менаџмент и бизнис, граѓанско образование и психологија.

Се започна навреме во 9часот и 30 минути. Немавме никаков технички проблем. Учениците беа задоволни од прашањата, вели Весела Темјаноска-директорката на „Ванчо Питошески“.екстерно

Во електромашинскиот образовен центар Св. Наум Охридски тестирани се 177 ученици.  Денес се изминало во најдобар ред, вели директорот Јане Цаноски.

Оваа година немавме никаков технички проблем како што тоа беше случај минатата година кога не ни се отвараа некои графикони и слики. Сега тестирањето заврши како што треба, рече Јане Цаноски-директор на ЕМУЦ.

И во Гимназијата Св. „Климент Охридски“ тестирањето помина во најдобар ред. Денес полагаа околу 360 ученици. Тестирањето за вториот предмет ќе се одржи на 24 јануари. Останатите ученици од трето одделение до трета година средно ќе бидат тестирани кон крајот на годината.
 Се очекува деновиве да се состави ранг листа на наставници на ниво на Македонија со најдобри и најслаби резултати од екстерното тестирање спроведено минатата година. Согласно резултатите ќе има и соодветни казни и награди за нив.

{loadposition content9}