Охриѓанецот Бобан Кочески, ученик во четврта година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се здоби со меѓународно признат сертификат од Европската комисија и Универзитетот во Истанбул.
„Во периодот од 10.03 до 16.03.2024 тoj учествуваше во проект на Еразмус+, Green All Together – GreAT на тема: екологија, микропластика и иновации за одржлив развој, што се се одржа во Мадрид, Кралство Шпанија. Проектот беше во организација на Истанбулскиот универзитет.“– информираат од училиштето.
Додаваат дека учесниците за време на посетата биле примени и од градоначалникот на општина Лас Розас де Мадрид.