Skip to main content

Матурска парада денес на пладне на градскиот плоштад

Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од охридските средни училишта ќе го одиграат танцот „Квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот”.
 |  инфодеск  | 

Охридски матуранти од сите средни училишта ќе учествуваат на традиционалната матурска парада која ќе се одржи денес точно напладне на градскиот плоштад. Матурантите ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана. Танцот „Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.