Skip to main content

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена

Ниту на повидок не е расчистувањето на депонијата на Мауцкер. Иако на почетокот на годината од Локалната ветија дека ЈП Комуналец ќе го исчисти отпадот од ова место, сеуште ништо од ветеното. Надлежните молчат и околу најавеното распишување на тендер за изнаоѓање фирма која наместо „Комуналец“ ќе го чисти Мауцкер.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште во месец јануари Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти директорката на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место и пет месеци подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа од оваа невозможна мисија. mauckerДиректорката изјави дека претпријатието ниту технички ниту кадровски може да одговори на задачата па затоа во план беше да се распише јавен повик за изнаоѓање најповолна фирма која ќе се нафати да го исчисти Мауцкер.

Уште пред десет дена до Секторот за односи со јавност испративме меил во кој го поставивме прашањето до каде е постапката за распишување тендер за изнаоѓање најповолен понудувач за расчистување на Мауцкер. Од таму ни кажаа дека прашањето ќе го препратат до надлежните служби во Општина. До денес никој не се одважи на јавноста да и одговори.

Инаку, добро е познато дека на Мауцкер треба да никне долгонајавуваната индустриска зона. Но се поставува прашањето кој инвеститор ќе даде пари за парцела на која се наоѓа градежен шут и друг вид на отпад.

{loadposition content9}