Skip to main content

Трагедија

Маж од Лескоец пронајден мртов

51-годишен жител на Лескоец е пронајден мртов кај месноста „Краста“ во Лескоец. Телото е предадено за обдукција.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 11.09.2022 година во 13 часот во СВР Охрид, пријавено е пронајдено починато лице во месноста „Краста”, атар на охридското село Лескоец.

Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за Р.Ѓ.(51) од селото Лескоец чија смрт, без траги на насилство е констатирана од лекар на Итната медицинска помош Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.