Skip to main content

Плажа пред хотел на крајбрежјето

Маж од Пласница се удави во Охридското езеро

77-годишен жител на Пласница се удави во водите на Охридското езеро. Неговото тело било пронајдено на плажа пред хотел на крајбрежјето.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

На 30.07.2022 околу 15:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод.

По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.