Skip to main content

Се здобил со тешки телесни повреди

Маж паднал од мопед на ул. Јане Сандански

59-годишен охриѓанец паднал со мопед на улицата „Јане Сандански“. Притоа се здобил со тешки телесни повреди.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 04.08.2022 во 11:45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на ул. „Јане Сандански” во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охридд.