Маж со КОВИД 19 хоспитализиран во Струга откако се вратил од Занзибар
65 годишен битолчанец, кој со својата сопруга бил на одмор во Занзибар, моментално се наоѓа во Центарот за дијализа во Струга со симптоми на Ковид 19. Неговата сопруга, која исто така е болна од Ковид се наоѓа во болницата Осми септември во Скопје. Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на брисеви на двајцата
пациенти со цел да утврди дали од на егзотичното патување го донеле во македонија јужноафриканскиот сој на вирусот.
Во специјалната болница за нефрологија во Струга хоспитализиран ковид позитивен пациент од Битола , кој неодамна се вратил од патување во Занзибар Африка. 65 годишниот пациент бил во стабилна здравствена состојба, но ќе се прават дополнителни анализи во Ману да се утврди дали се работи за јужноафриканскиот сој на вирусот. И неговата сопруга ковид позитивна била згрижена во „Осми Септември„ во Скопје.
Пациентот требало да биде префрлен на скопските клиники, но таму немало место, па засега останува во Струга.
„Вчера инсистиравме да се префрли во Осми Септември ради можно е да има јужноафриќчки сој на ковид 19 , меѓутоа немаше место во воена болница и пациентот е се уште кај нас. Следниот ден ќе испратиме во Ману за типизација на геном да видиме за каков вирус се работи“ , вели Александар Попоски директор на ЈЗУ Специјална болница за нефрологија.
Инаку тројно е помал бројот на заболени од корона вирусот на дневна основа во струшко, за разлика од Охрид. Од Здравствениот дом во Струга велат подготвен е вакцинален пунк и медицински тимови за имунизација на населението.
„Спремни сме во секој поглед и кадровски и просторно. 0122„Имаме пункт што е по сите правила и прописи, персонал имаме. Три екипи имаме, четири може да вклучиме зависно од потребата и бројот на вакцинирања“, вели Андон Ложанкоски директор на Здравствен дом Струга.
Дваесеттина здравствени работници од Здравстевниот дом во Струга и струшката болница се вакцинираа против ковид 19, но голем дел од нив го прележаа и вирусот. Модуларната болница во Струга е подготвена, но се работи на доток на кислород за нејзино ставање во функција.