Skip to main content

Младински центар Охрид

МЦО ќе го одбележи Светскиот ден на млади со низа содржини во Касарна

На настанот присутни ќе бидат претставници на граѓански организации, млади лица, претставници од основни и средни училишта како и од локални институции, поддржувачи на Младински центар Охрид.
 |  инфодеск  | 
мцо ден на млади

Денеска во дворот на Младински центар Охрид во поранешната касарна со низа активности ќе биде одбележан Светскиот ден на младите 12 Август.

Предвидени се низа содржини како летна работилница за гитара, работилница за цртање на канвас, детска атлетика, забавни игри, изложба на фотографии од Нина Ангелоска.

На настанот присутни ќе бидат претставници на граѓански организации, млади лица, претставници од основни и средни училишта како и од локални институции, поддржувачи на Младински центар Охрид.

Во 20 часот според најавата предвидено е на присутните да им се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, по што следува проекција на краткометражни филмови и забава со бенд и DJ set.