Skip to main content

Мечка масакрирала стадо овци во село Рамне

Убиени се шеснаесет овци и едно куче, а се претпоставува дека истото животно уништило и неколку сандаци со пчели во месноста Видобишта.

 |  Голабовски Крсте  | 
мечка

Убиени се шеснаесет овци и едно куче, а се претпоставува дека истото животно уништило и неколку сандаци со пчели во месноста Видобишта.

рамнеПред десетина дена во селото Рамне, мечка нападнала стадо овци, при што се убиени 16 овци и едно куче. Љубе Недески, сопственикот на стадото вели дека за време на нападот мечката била многу разлутена и буквално носела се пред себе. Жителите велат дека станува збор за големо животно кое е забележано на неколку локации во селото и тоа преку ден, што значи дека таа не се плаши и доаѓа по храна.

Претседателот на Месната заедница Ристе Трајчески,  апелира до надлежните да се залови животното бидејќи претставува потенцијална опасност и за жителите.

„Од 15, 16 кои прекршени, кои удавени овци, повредено е едно куче, кое е исто така прекршено, истата мечка има нападното и улиште кај месноста Видобишта кај касарните, неколку сандаци. До ловново, до национален парк кој се надлежни да си преземат активности према мечката“ вели Трајчески.

Инаку мечаката е животно, кое е заштитено со закон и не смее да се лови.