Во период од 29-ти септември до 2-ви октомври, РЦСОО ,,Ванчо Питошески” учествуваше на меѓународен натпревар „ГАТУС“ во областа на угостителско-туристичка струка. Учествуваа 12 екипи од бившите југословенски републики – Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Натпреварот се одржа во Ново Место – Словенија.
Учениците освоија 2 сребрени и 1 бронзен медал во следните категории:
ГОТВАРСТВО
Даниел Бутракоски
Никита Мишевски
Фикрет Шаќировски
ментор: Војо Ангелоски
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Стефан Стојаноски
Марко Настески
Дамјан Макешоски
ментор: Милена Илијевска
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН
Теона Талевска
Ана Марија Мискоска
Јована Капиданова
ментор: Марија Ѓорѓиоска
Градот Охрид ќе биде домаќин на следниот натпревар кој ќе се одржи во октомври 2023 година.