Skip to main content

Медичи Кантантес од Полска добитник на Гран при наградата на Охридскиот хорски фестивал

Освен натпреварувачки дел, хористите понудија одличен квалитет и во ревијалниот дел со настапи на црковна, поп музика и фолклорни настапи.

 |  Мишел Наумоски  | 
horski
хорски

Хорскиот состав Медичи Кантантес од Медицинскиот универзитет во Вроцлав Полска е добитник на наградата „Гран при“ на Шестото издание на Охридскиот хорски фестивал.

horski festivalПолскиот хорски состав со изведбите на „Глорија“, „Македонско оро“ на Тодор Скаловски и неколку други нумери беа избрани како севкупни победници во групата од седумте финалисти кои денес го имаа последниот настап на годинешниот Охридски хорски фестивал. На годинешното шесто издание на Охридскиот хорски фестивал, вкупно настапија 34 хорови и тоа од Литванија, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Германија, Естонија, Украина, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Латвија, Бугарија. Инаку победниците, хорот Медичи Кантантес од Вроцлав, е основан во 2000та година од Агниешка Франков Желазњи. Од 2012та година, како втор диригент им се приклучува и Магдалена Липшка.

Овој хор уште од своето основање зема учество на национални и меѓународни натпревари, а добитници се и на многу престижни награди во Словачка, Грција, Велика Британија, Чешка, Русија. Медичи кантантес се особено познати по своите а-капела настапи.

{loadposition content9}