Во организација на Интернационалната полициска асоцијација-секција Македонија и ИПА регион Охрид, од 17-ти до 19-ти јуни 2022 година во Охрид, ќе се одржи 27-та Медитеранска конференција на ИПА национални секции на тема „Предизвиците во секојдневното полициско работење, физичка, ментална и правна заштита”.
Своето учество на конференцијата го потврдија високи делегации од следниве 16 држави: Австрија, Малта, Италија, Шпанија, Португалија, Босна и Херцеговина, Израел, Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија и Романија и домаќинот Македонија.
На конференцијата свое присуство потврдија и членови на УО на светската ИПА организација меѓу кои и потпретседателот Kyriakos Karkalis како и делегации од 4 збратимени региони од соседството, преставници на Македонскиот полициски синдикат, преставници на UN-O.I.E.D, UN- OADO ECOSOC, ИПА членови и подржувачи – информира Стефан Димоски, претседател на ИПА регион Охрид.
Организацијата на Медитеранската конференцијата, доверена од светската ИПА, претставува чест за ИПА Македонија и доаѓа по минатогодишната успешна организација на Балканско-Јадранската Конференција која се одржа во Скопје.