Skip to main content

Меѓугенерациска средба на пензионерите и учениците

Во заедничка кординација на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца и  Основното училиште „Христо Узунов“, синоќа се одржа петтата по ред меѓугенерациска средба на  пензионерите од месниот огранок Горна Влашка Маала и учениците од училиштето.

 |   | 

Петта по ред меѓугенерациска средба на  пензионерите од месниот огранок Горна Влашка Маала и учениците од ОУ „Христо Узунов“. На оваа традиционална средба, што е проект на Европската унија, а ја реализира Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, присутните ги поздравија претседателот на Месниот огранок  Милан Малчески, директорот на  О.У „Христо Узунов“ м-р Тони Симоноски, претседателот на ЗП на Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, а од Локалната самоуправа заменик градоначалникот  Ангел Јанев.

По заедничката средба на пензиoнерите и учениците на тема: како се станува пензионер и кои се активностите и придобивките на пензионерите, беше изведена  богата едночасовна културно уметничка програма, под раководство на  наставничката по музичко Вера Булоска.


Меѓугенерациската средба беше збогатена и со настапот на Пејачката група „Далги“ и Драмско рецитаторската дружина „Развигорче“ при ЗП Охрид и Дебрца.
За успешната организација, придонесот  и учеството во Меѓугенерациската средба која годинава одбележа мал петгодишен јубилеј, претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, на директорот на О.У „Христо Узунов“ м-р Тони Симоноски, му врачи Пофалница.