Skip to main content

Археологија

Меѓународен археолошки симпозиум во Охрид

Во катедралната црква Св. Софија во Охрид свечено беше отворена меѓународната археолошка конференција „The Mechanism of Power“.
 |  Голабовски Крсте  | 
Арехеолошки симпозиум

Во катедралната црква Св. Софија во Охрид свечено беше отворена меѓународната археолошка конференција „The Mechanism of Power“.Настанот е од светски карактер, на него ќе учествуваат 50 археолози од Централна Европа и ќе трае до 29 мај.

Конференцијата е во организација на Институтот OREA од Виена- Австрија, Институтот за праисториска и рано средновековна археологија и археологија на римските провинции и институтот „Лудвиг Максимилијан“ од Минхен Германија, Институтот за класична археологија на универзитетот Чарлс во Прага и НУ „Археолошки музеј“на Македонија. Случувањето е поддржано од Општина Охрид, а пред присутните се обрати советничката во градскиот Совет, Ана Крстеска.

Симпозиум

„Импресивен е бројот на учесниците и изборот на темите на овој конгрес. Гордо можам да кажам дека деновиве Охрид е домаќин на европската арехолошка елита која ќе го презентира археолошкото наследство како едно од основите на оддржливиот развој и може да биде корисен инструмент за поттикнување на меѓу културниот дијалог и поттикнување на општествената кохезија како и обликување на државниот идентитет. Јас се надевам дека во неколкудневните работни сесии ќе успеете да се запознаете со археолошките предмети кои имаат непроценлива вредност за нашата земја. Тие даваат белег за нашата култура, неуморно го конзервираат нашето минато и на најубав можен начин ја афирмираат нашава држава“.

„Овде во Охрид , на секој чекор може да се почувствува чудесниот спој на остатоците на цивилизациите и природните реткости, амбиент кој континуирано опстојува 7 илјади години. Во Охрид по разни поводи доаѓале трагачи по реткости и добронамерници, уметници и научници. Сите биле добредојдени и го пронашле тоа што го бараат и заминувале со многу инспиративни спомени кои ги терале повторно да се вратат – подвлече Крстеска.

На годинешното издание на меѓународниот археолошки симпозиум му претходеа две изданија.