Денеска 3-ти декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
„Лицата со попреченост се дел од нас. Меѓу нив има личности со извонредни интелектуални, уметнички, креативни, спортски и други натпросечни способности и затоа на нив сосема заслужено им прилега името – лица со посебни способности“, напиша градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, на официјалниот фејсбук профил.
Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции, поддршка за еднодневни излети и други активности на кои сме обврзани и со меѓународните конвенции и со националното законодавство). Сите заедно да се обединиме и на било кој начин да им помогнеме на овие поединци и групи за достојно и квалитетно да уживаат во животот. Секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството. Од сите нас зависи – додава Ногачески.