Skip to main content

Честитка на градоначалникот

Меѓународен ден на ромите

Честитка по повод 8-ми април, Меѓународниот ден на ромите упати градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Знаме роми

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8-ми април, Меѓународниот ден на ромите упати честитка до припадниците на ромската заедница.

Кирил Пецаков

Со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и личен развој Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на ромите. Овој значаен празник е уште еден показател дека толеранцијата и почитувањето на различностите се основа за градење на соживот и заеднички напредок. Со својата традиција и уникатните културни специфики, ромите се важен дел од мултиетничкиот мозаик на нашата татковина и даваат несебичен придонес во сите сфери на општественото живеење. Посакувам и во иднина посветено да продолжиме да градиме силни пријателства и да се избориме за еднакви прави и интеграција за сите заедници. Само заедно и сплотени можеме да го направиме Охрид поубаво место за живеење со кое ќе се гордеат идните генерации – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.