Skip to main content

Куќа на уранија

Меѓународна конференција Охрид-Водици 2023

Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи, е насловот на единаесеттото издание на меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“.
 |  инфодеск  | 
Охрид

На 18 и 19 јануари 2023 по 11-ти пат ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2023“- годинава насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“.

Конференцијата е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД.

„Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“, објаснува Рубин Земон претседател на Програмскиот Комитет.

Гледаме дека со продлабочување на кризата се појавуваат доста дебати и дискусии, ние во Македонија прилично го осетивме со ова што за мене и научниците е и идентитески атак. Ние се грижиме во конференцијата или во минатите години да го заштитиме културното наследство, знаете дека последниве години Охрид е повторно на тапет на УНЕСКО, во март ќе се одлучува дали Охрид ќе биде ставен на листата под ризик – истакна Земон.

Свое обраќање на конференцијата покрај д-р Рубин Земон, ќе имаат и Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска – Стојчевска, министер за култура на Република Северна Македонија, Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, Фариз Калили, член на програмскиот комитет, претседател на организацијата МИРАС, Баку Азербејџан, Ахмет Ајтач, член на програмскиот комитет на Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес, Турција, Виторовиќ Зоран д-р, уредник- главен готвач на Global Processes Journal, Мајами, САД.

„За конференцијата се пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји“, информира Д-р Рубин Земон.

Отворањето на конференцијата ќе биде на 18 јануари 2023, со почеток во 11 часот, во Македонска академија на науките и уметностите, Куќа на Уранија во Охрид.