Skip to main content

Покровител општина охрид

Меѓународна уметничка колонија Трпејца 2022

Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“, а ќе се дружат и со учениците и мештаните.
 |  инфодеск  | 
Уметничка колонија

Од саботата до утре (6 септември) во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.

На колонијата творат уметниците: Мајкл Клос од Канада, Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.

Уметничка колонија

Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Св. Наум Охридски“, а ќе се дружат и со учениците и мештаните.

Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“, а покровител е Општина Охрид.