Skip to main content

Меѓународниот ден на лицата со попреченост уште една можност за да се кажат проблемите со кои се соочуваат

Меѓународниот ден на лицата со попреченост уште една можност за да се кажат проблемите со кои се соочуваат. Немањето доволно паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од нив. Градоначалникот Јован Стојаноски  вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Проблем со паркинг места, пристапни патеки до јавните установи и институции, немање толкувачи се само дел од проблемите кои и оваа година лицата со попреченост ги истакнаа на одбележувањето на Меѓународиот ден. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебрца го посети градоначалникот Јован Стојаноски кој ги сослуша забелешките и потребите на лицата со попреченост и вети дека Локалната ќе направи напори да помогне во нивното решавање.

Ова што го организиравте денес е една извонредна прилика да се видиме и вие да се дружите и да си размениме одредени мислења, а и нас да ни кажите за се она што треба да го корегираме во нашето однесување и кон вас и кон останатите граѓани на Општина Охрид, рече градоначалникот.


Славчо Џајко, секретарот на Здружението на слепи лица и лица со оштетен вид му сугерираше на градоначалникот Локалната во иднина да одобрува повеќе средства за проектите со кои аплицира здружението бидејќи на овие луѓе им се потребни посебни услови за да можат да функционираат.

 Ние секоја година до локлната испраќаме проекти и сметам дека малку посериозно треба да ги разгледа Комисијата нашите и да ни додели малку повеќе средства ние сме здруженија кои мора да имаат помош за да ги остваруваме нашите активности, вели Славчо Џајко, секретарот на Здружението на слепи лица и лица со оштетен вид.

Градоначалникот кажа дека Локалната преку проект обезбедила два компјутери со брајова азбука кои ќе бидат поставени во приемното одделение на Општината како би им се олеснило извршувањето на административните обврски на лицата со оштетен вид. Тој вети дека и во иднина ќе се залагаат да им помагаат на овие граѓани, а рече дека ќе се погрижат да набават и компјутери за лицата со оштетен слух. Венко Голабоски, претседателот на Здружението на лица со попреченост уште еднаш ја елаборираше својата дамнешна желба и замисла во градов да се направи плажа за лица со инвалидитет.

Тоа ќе биде добра понуда и за инвалидите ширум светот кои ќе доаѓааат да летуваат кај нас. Ако има таква плажа и ние ќе можеме да бидеме како останатите граѓани. Вака поради хендикепот не можам да се искапам во езерото, вели Голабоски.

Градоначалникот вети дека ќе се заинтертесира околу можноста за реализација на прилагодување на една од плажите за потребите на лицата со хендикеп.

Инаку по повод денешниот меѓународен ден здружението организира и повеќе спортски натпревари во стрелаштво, пикадо и шах за што најдобрите добија и соодветни награди.