Skip to main content

Меѓународниот Црвен крст одржа вежба во околината на Охрид

Прогласена е кризна состојба поради катастрофалната поплава која го зафати југоисточниот дел од Македонија- беше дел од сценариото.

 |  Тања Кувенџиска  | 
vezba
вежба
Прогласена е кризна состојба поради катастрофалната поплава која го зафати југоисточниот дел од Македонија- беше дел од сценариото.

Со брифинг- состанок на претставници на Меѓународниот Црвен крст и Кризниот штаб, започна вежбата за случена елементарна непогода. Според одредено сценарио, активностите беа реализирани во околината на општина Охрид. Се дејствуваше онака како што би се дејствувало во време на катастрофална поплава. Претставниците на меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина не ја откриваа ниту локацијата, ниту пак што точно ќе се случува на терен.

„Не можам да дадам никаков коментар“, рече Мириџиа Паров од Меѓународниот црвен крст.

sostanokТимот на проценители дојде да слушне од членовите на кризниот штаб колкави се направените штети и каква помош е потребна, објасни претседателот на општинскиот црвен крст, Сашо Точков.

„Ваквите вежби се од особено значење. Корисно е да се знае како да се реагира во кризни ситуации“ , додаде Точков.

Вежбата беше дел од Меѓународниот семинар за обука на проценители при катастрофи кој се одржува во текот на оваа недела. Учествуваат преку 30 претставници од 15 земји од источна Европа.

 

 

{loadposition content9}