Со марш, борците од Охрид го одбележат Меѓународниот ден на мирот
Во Охрид се одржа марш на мирот.
По повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, претставници на Сојузот на борци од Охрид, изведоа мировен марш од пред седиштето на Сојузот на борците, до градскиот плоштад, по што беше положено цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк. Пред присутните на денешното одбележување на Меѓународниот ден на мирот беше прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки- Мун. Учесниците на маршот испратија порака за траен мир и благосотојба на сите луѓе во светот, без разлика на вера, нација, религија. Пораката беше упатена до власта и до опозицијата, до сите пратеници и советници.
„Пораката је испраќаме до сите политички партии, невладини здруженија и граѓани, да се заложат максимално. Сите меѓунационални, меѓуетнички, меѓурелигиски тензии, недоразбирања, расправии, кавги да се решаваат благовремено, веднаш затоа што ако тоа не се направи сега, ќе се направи после војна или воен конфликт, со многу жртви, многу воени инвалиди, разурнати домови, раселени лица. Крајно е време да извлечеме поука од грешките направени во минатото“, истакна претседателот на Сојузот на борци, Гоце Ѓеоргиески.
Георгиески при тоа, изрази жалење што на настанот присуствуваа само триесеттина граѓани со оглед дека станува збор за Меѓународен ден кој има големо значење во светот.
„Пораките се повеќе упатени до оние кои во денешно време не знаат што е војна и што е страдање, а тие што го преживеале тоа ја знаат суштината на овие пораки. Оваа војна која ја завршивме 45 година на 15 мај е најмасовната, со најмногу штета и најмногу жртви и уништени многу материјални средства“, вели вениот ветеран Крсте Крстановски.
„За жал многу рано, некој од учениците или блиску до нив ја заборавија таа војна и мислат дека никогаш повеќе војне нема да има. Војна да не дојди, војна да не доживее светот, поплавата ќе пониме ден два, огнот ќе изгасне за ден, два или повеќе, затоа што зависи од луѓето, војната тешко се запира. Лесно може да почне од ништо, ама тешко да прекине“, истакна воениот ветеран Крсте Крстановски.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот започна во 2001 година со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации. Централниот настан годинава ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк. Светската федерација на ветераните овој ден го промовира во светски марш што се одржува насекаде во светот под мотото “Ветераните чекорат за мир”.
Сојузот на борци на Македонија како членка на Светската федерација на ветераните петта година е носител и организатор на овој Марш на мирот во нашата земја.Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија и министерствата за надворешни работи, за одбрана и за внатрешни работи.
{loadposition content9}