Меѓународен камп „ЈЕСКО“
Активисти на Црвениот крст од Крагуевац и Ужице учествуваат на Меѓународниот камп „ЈЕСКО“ во Велестово. Камп од еден ваков карактер за прв пат се организира во Охрид, информираат домаќинитe од Црвениот крст Охрид. Целта е да се развијат комуникациските и лидерски вештини кај младите.
За прв пат годинава во Велестово, Црвениот крст од Охрид е домаќин на Меѓународниот камп „ЈЕСКО“. Тренинг центарот во оваа елитна населба е местото каде 5 дена ќе се одвиваат активностите на 32 учесници. За тоа во што се состои работилницата овие денови, појасна Весна Терезиоска потпретседателот на Црвениот крст Охрид.
„Тоа е камп за развивање на моќта кај младите, се развиваат комуникациски и лидерски вештини имаме гости од Ужице и Крагуевац, исто така имаме учесници од Охрид.00:36 Охрид+00:43 Имаме 32 учесниц,8 ментори, 5 инструктори. Сакам да напоменам дека ова сакаме да стане традиционална акција на Црвениот крст Охрид“.
Активностите на Црвениот крст во Крагуевац главно се слични, промоција на здравите стилови на живот, љубов и толеранција а пред се работа со млади, како нивното слободно време би го трошеле на размислување за еден квалитетен начин на живот, вели Среќко Стевиќ од Црвениот крст од Крагуевац.
„Засега добро се дружиме со нашите пријатели од Охрид и Црвениот крст од Ужице. Досега научивме како да се почитуваме едни со други, да ги почитуваме културните разлики, заеднички да ја промовираме толеранцијата и да не дидкриминираме , и верувам дека и во преостанатиот дел од нашето дружење подобро ќе се запознаеме едни со други и дека ова пријателство ќе ни остане до крајот на животот“.
Амбиенотот во тртенинг кампот во Велестово е идеален како и условите за една работилница и интерактивна работа, вели Бојана Бошковиќ од Црвениот Крст Ужице
„Нас пред се драго ни е што можеме да се дружиме со вака прекрасни луѓе и во вака голем број. Ги промовираме здравите стилови на живот и со самото тоа разменуваме искуства за нешто што ние го знаеме а тие не. Воопшто во ваков амбиент можеме на најдобар можен начин да поделиме сето тоа што го имаме и убаво е да ги размениме искуствата, научивмње многу за овие 2 дена“.
Велестово плени со својата убавина и ретко кој може да остане рамнодушен на сите природни раритети кои ги крие ова место. Така и учесниците на овој меѓународен камп не ги криеа своите емоции, се фотографираа, преку ден работеа а навечер се забавуваа.
{loadposition content9}