Меѓународна резиденција во Охрид за интегрирање на еколошките прашања во уметноста
Oд 1-ви до 30-ти април 2024 година во Охрид ќе се одржи Меѓународна резиденција чиј приоритет е истражување на еколошките предизвици со кои се соочуваат Охридското Езеро и населените места во негова близина. Oрганизатори се партнерите од меѓународниот проект ПРОСПЕР (ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии).
Oтворен е повик за уметници, дизајнери, истражувачи и културни работници да се пријават за учество.
Фокусот на резиденцијата е Охридско Езеро како светско наследство, односно еколошките предизвици со кои се соочува тоа поради неодржливите практики во туризмот. Учесниците ќе можат низ креативна работа да ги преточат во уметнички дела инспирациите и размислувањата поврзани со Охридско Езеро преку соработка со локални уметници. Резиденцијата ќе заврши со еднодневен фестивал во Охрид кој ќе ги претстави резултатите од креативните интеракции со локалното население и туристите.
Рокот за пријавување е до понеделник, 6-ти ноември, а повеќе информации и линк за пријавување може да се најдат на веб страницата: https://mk.peripetija.com/prosper.