Меморандум за соработка меѓу Општина Охрид и Институтот Конфуциј
Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.
„Заедно со двајцата директори на Институтот, македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразивме подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.“ – вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува преку едукативни активности кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Понатака, организирање на културни настани, семинари и работилници. Исто така опфатено е вршење размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.
Градоначалникот Пецаков вели дека потпишувањето на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање на настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид.