Skip to main content

Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Охрид

Тестирањето ќе се одржи на 13.06.2026г во просториите на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Менса

Менса Македонија за прв пат по речиси три годни ќе организира тестирање на интелигенција со цел за прием на нови членови во Охрид, на 13.06.2026 (Сабота) со почеток во 13:00.
Тестирањето ќе се одржи во просториите на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Кандидатите е потребно е да имаат наполнето 16 години до денот на тестирање. Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®. Придружете ни се, порачуваат од Менса Македонија.

Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот:https://www.facebook.com/events/1636043314296018

или на FB страната на Менса Македонија.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100064501127471