Skip to main content

Мерката за субвенционрање на станоиздавачи добра, но не за сите

Расте интересот на охридските приватни станоиздавачи за мерката на Локалната Самоуправа  за субвенционирање на приватните станоиздавачи од мал обем, велат од Секторот за ТЛЕР.  Годинава во програмата за туризам за 2015 година на Секторот предвидени се 350 000 денари  за оваа мерка. Дел од приватните станоиздавачи велат дека мерката е добра, но за станоиздавачите со поголем капацитет.

 |  Николоска Биљана  | 
turisti
туристи

apostolovНовата мерка на Секторот за ТЛЕР за субвенционирање на приватните станоиздавачи од мал обем  вродува со резултат, изјави раководителот Ѓоко Апостолов. Тоа го поткрепува со податокот дека како резултат на спроведување на оваа мерка имале зголемена наплата на туристичка такса дури за 13%. За првото полугодие односно од  јануари до јуни месец на охридските станоиздавачи од мал обем кои уредно ја пријавиле туристичката такса и поднесле барање за бенефиции им биле исплатени 60 000 денари, нагласува Апостолов. За второто полугодие од јули до декември месец минатата година раководителот вели дека зголемен бил интересот кај приватните станоиздавачи за оваа мерка, со која на станоиздавачите им се враќа 50% од уплатените средства за туристичка такса.

„Во првиот рок за аплицирање беа пријавени околу десеттина приватни станоиздавачи имајќи во предвид дека сепак станува збор за нова мерка и можеби и самите луѓе како што доаѓаа по завршувањето за жал на рокот за аплицирање, од директните контакти ни беше кажано дека не биле добро запознаени со процесот, иако транспарентно на нашата општинска веб страна беше објавено и беа поставени сите апликациони документи“ – појаснува Апостолов.

topencarovaДел од приватните станоиздавачи сметаат дека мерката на општината за субвенционирање е добра но за станоиздавачите со поголем капацитет. Орхидеа Топенчарова приватен станоиздавач од Охрид, не се согласува со раководителот на Секторот за ТЛЕР дека луѓето не биле информирани за општинските бенефиции во делот на наплата на туристичка такса, бидејќи постапката била транспарентна. Тие разбрале за нив уште од првиот момент, но не ги побарале.

„Тие пари за нас лично не се некој големи пари, бидејќи капацитетот е мал и не се големи пари и за нас е многу поважно и воопшто за општината, сметам дека кога би се собрале тие субвенции на едно место тогаш градот може нешто повеќе да направи, отколку ние со субвенциите“ – вели Топенчарова.

Таа искрено жали што како што нагласи, по нивна вина, сеуште не  формирале здружени на приватните станоиздавачи, бидејќи се соочувале со големи проблеми во туризмот. Таа смета дека еден групен настап има поголема тежина отколку кажувањата на поединците. Инаку во годинешната програма на секторот за ТЛЕР, за мерката субвенционирање на приватни станоиздавачи од мал обем предвидени се средства во висина од 350 000 денари и од таму апелираат граѓаните да не ја пропуштаат оваа можност.

{loadposition content9}