Skip to main content

Во месец Мај ќе се знае колку е старо Охридското Езеро

За неколку месеци ќе се знаат резултатите од проектот за утврдување на староста на Охридското Езеро.

 |  Голабовски Крсте  | 
promeroci
примероци

До месец мај годинава ќе се знае староста на најголемата водена површина во нашата земја, Охридското Езеро. Тогаш треба да бидат готови резултатите   од реализираниот научен проект за утврдување на староста на езерото, проект кој беше реализиран од март до јуни 2013-та година, објаснува Проф.Д-р Сузана Патчева, директорката на ЈНУ „Хидробиолошки институт“ Охрид. Инаку проектот  беше реализиран од страна на Институтот за геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, Германија, со поддршка на Хидробиолошкиот институт од Охрид и Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Истиот започна на 31-ви март 2013 година, со повлекување на платформата за дупчење на централната точка која беше лоцирана јужно од полуостровот Лин, на македонска страна, на длабочина од 250 м, а траеше до 1 јуни, објаснува директорката Патчева.

platforma„Најголемата длабочина е достигната во централната точка и истата изнесува 568 метри во дното на езерото. Достигањето на оваа длабочина со зацртаната динамика на дупчење ја оправда претпоставката дека езерото е старо неколку милиони години. Опремата која беше користена при дупчењето беше со сите потребни сертификати за квалитет и безбедност“ додава Патчева.

Големиот научен проект SCOPSCO  за утврдување на староста на Охридското Езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него,  станува најуспешен проект за длабочинско континентално дупчење во последните 20 години во светски рамки.

ezero„Во тек на оваа година, се очекува да се добијат релевантни резултати од анализите кои ќе дадат попрецизни одговори за целите на проектот, односно староста на езерото, специјацијата и климатските промени во минатото во регионот на Северен Медитеран“ потенцира директорката Патчева.

Иако во литературата преовладуваат различни ставови за староста на Охридското езеро (од 2-10 милиони години) сепак податоците кои зборуваат за неговото постоење од 3-5 милиони години се сметаат за најверодостојни.  Финансиската конструкција на овој научно истражувачки потфат, изнесуваше 2,5 милиони американски долари.

{loadposition content9}