Skip to main content

Мешаните патроли „ѕирнаа“ во ноќниот живот на младите

Викенд патрола на полицијата и родителите.

 |  Мишел Наумоски  | 
svr kontrola
свр контрола

Изминатиов викенд охридската младина полагаше тежок тест. Нивното вечерно излегување не помина како што се надеваа. Партибрејкери беа нивните родители и полицијата. Мешаните патроли на лице место можеа да видат како и каде најчесто се забавуваат младите. Родителите не беа воодушевени од она што  го видоа. Велат, целта на патролата не е да ги заплашиме младите, туку да посочиме каде би требало младите да го насочуваат своето внимание и како да го поминуваат слободното време.

svr zema podatoci„Се надевам дека ваквите зачетоци на вакви акции по извесно време преку соработка на сите, и на владини, и на невладини институции и советите на родители во сите училишта, преку разговор и контакти на сите овие релевантни институции, мислам дека можат да влијаат овие девијантни појави да ни бидат се помалку и помалку застапени кај младите.“-рече Рајко Домазетовски-член на советот на родители од гимназијата „Свети Климент Охридски“.

Задоволни од спроведената патрола беа од СВР-Охрид. Споредувајќи ја статистиката за недозволен престој на малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, тие велат дека состојбата во 2012 е далеку подобра  во споредба со 2011. Лани тие забележале дури 29 прекршоци во првите шест месеци, додека годинава за истиот период само три. Оттука сметаат дека превентивата која ја преземаат, вклучително и овој проект, си ја вршат својата работа.

meshani patroli so roditeli„Ова е одлична идеја, заеднички полициските службеници и родителите да видат на лице место каде излегуваат нивните деца. Кои се најпосетуваните места, што е она што значи забава денеска за младата популација и каков е амбиентот каде што нивните деца се забавуваат. Мислам дека она што успеаа родителите да го видат успеа да ја долови вистинската слика и атмосфера и всушност да го видат она со кое нивните деца посебно во овој летен период се соочуваат.“-вели портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

И службите на СВР-Охрид и родителите согласни во едно, дека ваквиот проект едноставно мора континуирано да се спроведува со цел да има позитивни резултати. Токму од СВР-Охрид истакнаа дека доколку првичните параметри од овие патроли се позитивни, овој проект ќе има добра основа и за понатамошно спроведување. Она што како забелешка го имаа родителите, се однесуваше на тајмингот на овие патроли. Тие сметаат дека реалната слика за Охрид би се добила доколку истите би се спроведувале во есенскиот и зимскиот период. Дотогаш ќе ги чекаме резултатите од овие патроли и дали младите ќе ја разберат пораката од СВР или ќе си тераат по старо.

{loadposition content9}