Месното население со морална поддршка во акциите за почист Охрид
Неформалната група екољубители за почист Охрид во дел од населбата Христо Узунов имаше акција. Собраа 12 кеси со најразличен отпад. Со исклучок на централното градско подрачје охридските населби се нечисти затајуваат службата за хигиена, но и граѓаните со својот однос кон екологијата.
12 собрани ќеси со отпад е епилогот на викенд акцијата на неформалните група екоентузијасти „За почист Охрид. Неколкумината активисти ја реализираа акцијата на еден дел од населбата Христо Узунов. За помалку од една година втор пат ја чистат околината во наслебата и велат дека состојбата е лоша наидуваат на секаков вид отпад. Наша задача не е ние да чистиме туку да ја подигнеме свеста и кај граѓаните и кај институциите, вели Глигор Велјаноски еден од активистите за почист Охрид .
„ Недостасува ажурност на службите да ја чистат и заштитат околината и свесноста на граѓаните каде фрлаат отпад. Тука сепак живееме сите ние и се се одразува на нас“, вели Велјаноски.
Неформалната група „ За почист Охрид“ постои скоро две години. Бобан Трпески е дел од групата и споделува искуства од досегашните акции. Напоменува дека на акциите посебно кога станува збор за населбите каде што чистат им се приклучуваат еколошки свесни граѓани, но не и месното населени.
„Односот е позитивен на населението каде што чистиме. Но малку од локалното население се приклучуваат. Наидуваме само на усна поддоршка дали не сакаат или не можат да се вклучат во акциите што ги спороведуваме незнам“, вели Трпески.
Екољубителите од „ За почист Охрид“, напоменуваат дека со исклучок на централното градско подрачје охридските населби се многу нечисти. Виновни се сите, затајуваат службата за хигиена, но и граѓаните со својот однос кон екологијата, велат неформалните активисти. До крајот на годината овие млади луѓе од „ За почист Охрид“, ќе реализираат уште 7 слични акции во различни периферни делови од градот.