Месокастрани подготвени за Велигденското дерби во фудбал
Месокастрани подготвени се за фудбалското дерби кое традиционално ќе се игра на Велигден, во несела со почеток ов 11 часот. Вакво дерби не верувам дека се организира некаде вели Здравко Чорбе кој што овие денови живее за овој турнир.
Традиционално и годинава за Велигден месокастрани ќе одиграат дерби натпревар во фудбал. Годинава тоа е јубилејно одосно одбележуваат, 55 години натпревари во фудбал на теренот од ОУ „Св Климент Охридски“. Старите но и младите месокастрани живеат за овој ден вели Стефан Здравески, познат по прекарот Циро. Здравески на само ден пред турнирот кажа дека со нетрпение чекаат да дојде недела 11 часот кога започнува фудбалскот дерби и наброја дел од плејадата месокастрани кои годиниве наназад учествувале на турнирот.
„Секако дека се чуствуваме возбудено бидејќи 55 не е мал период без ниеден прекин освен една година кога не се одигра така да едвај чекаме да дојде недела. Поминати се премногу луѓе би почнал од постарите, Љупчо Василев Саричко, Климе и Кире Мострови, Кичеевци, Драги Насте, Ацо Чајчето, Ѓоко и Милие Белески, Диме и Иван Куртелови, Гоце и Мише Миладинови, Кољо Чавдар, Влатко Димитров, Ламбе Арнаудов и многу други не можам да ги набројам премногу се“ – вели Здравески.
Дел од тимот кој со нетрпение го очекува месокастранското фудбалско дерби е и Здравко Чорбе. И тој чуствува возбуда пред натпреварот.
„Јас и сега кај што разговарам осеќам голема возбуда ние го чекаме овој ден Велигден како најсвето нешто во годината. Ние се подготвуваме уште од четврток, значи Вели Четврток, Вели Петок, сабота до Ристос воскресе до 12 часот и продолжуваме да остануваме во Црква и се договараме за недела. Незнам дали оваа традиција некадe постои вака и ние ќе гледаме да ја предадеме на нашите поколенија“ – рече Чорбе.
Турнирот ќе се одржи недела со почеток во 11 часот а ќе се игра до 13 часот на полигонот од ОУ „Св Климент Охридски“. Младите и старите месокасртани ќе си ги одмерат силите па после тоа сите учесници си заминуваат секој по дома на Велигденската трпеза.
{loadposition content9}