Мицкоски: Нема лева или десна, постои само една Македонија
Мојата приказна како човек е слична со приказните на повеќето семејства во Македонија. Транзицијата во девдесеттите како морален пад на вредности и сите оние премрежја кои се случија оставија трага и во мојот развој како млад човек кој сведочеше на удирањето на темелите на независна Македонија, исто како и моите врсници тој период, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор при денешната свечена церемонија во црквата Св. Софија, по повод одбележување на на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.
Мицкоски посочи дека сите тие болни предизвици се надминувавани со голема надеж дека само што не сме направиле голем исчекор напред и ентузијазмот поради создвањето на својата држава.
– Тој ентузијазам како и кај повеќето во државата се гасеше со одминување на времињата и големите премрежја кои се случуваа. Јас како индивидуа верувам во американскиот принцип “на еден од сите, на поврзаност како едно”, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека денес ако има некое дете на улиците во Скопје, кое не знае да чита, верувам дека тоа го засега и него иако не е негово дете, ако повозрасен човек кој не може да си плати за своите лекарства, тоа го засега иако не е негов роднина или родител.
– Ако има некој млад човек кој има капацитет, сила за наука и мотив, а нема доволно средства за школување, тоа е и моја загуба, иако тој млад човек не е мој познаник или пријател. И мораме да го запазиме тој фундамент дека и да јас сум чувар и јас имам одговрност и за тоа дете кое не знае да чита, за тој млад човек кој пропушта шанса за образование или за тој поврасен човек кој не може да си плати за своите лекарства Затоа велам сите ние сме како еден. И така мора да се однесуваме за секој предизвик со кој се соочуваме, Само така е се помагаме и поддржуваме еден со друг и така ќе постигнеме национално единство за кое говорам. Така ќе бидеме брана и за сите национални удари врз нашите темели, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски порача дека нема лева или десна, постои само една Македонија!
– Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство. Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме. Ова е Македонија за сите. Македонија која е нашиот единствен дом, истакна Мицкоски.