Skip to main content

Мицкоски: Очекуваме добар резултат во Охрид на претстојните двојни избори

За помалку од 50 дена од денеска започнува предизборната трка за првиот круг на претседателски избори, очекуваме врз основа на тоа кое што можеме да го забележиме од Охрид и охриѓани, добар резултат овде во Охрид, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешниот увид во активности од тековни проекти во Охрид.
 |  Маја Савиќ  | 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ очекува добар резултат во Охрид на претстојните двојни избори. Тој при денешната работна средба со локалната власт и увид во тековни проекти, во изјава за медиумите, најави дека во тек се  внатрепартиски процедури за избор на кандидати за пратеници од Охрид.

Кандидати кои се победници, чесни луѓе, луѓе кои го сакаат Охрид и Македонија, луѓе кои сум убеден дека ќе работат за Охрид и Македонија. Исто така, имаме внатрепартиска процедура за избор на кандидати за пратеници, имаме мерење граѓанско и во рамки на партијата. Ќе бидат анкетирани огромно мнозинство од членовите кои се ажурирани, ќе бидат прашани преку граѓанска анкета Охриѓани за неколку имиња кои се во потесниот круг од можни идни пратеници, луѓе кои ќе се борат за тансформација на Охрид и Македонија. Ценам дека со тие имиња ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Охрид ќе имаат историски резултати и огромна победа во однос на политичките конкуренти.

Очекуваме огромна победа. Би било нескромно ако кажам можеби и двојна победа во однос на конкурентот кој што доаѓа од СДСМ. Исто така како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме како партија и како коалиција на парламентарните избори добар резултат и огромна победа. И веднаш после победата на парламентарните избори најдоцна до средината на јуни месец формирање на Влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. По тоа ни е во план средината на јули месец ребаланс на Буџетот и веќе од есента да бидат распишани тендерите за проектите кои што централната Влада ќе ги финансира овде во општина Охрид, а за кои што многупати сме зборувале во изминатите мои посети. Јас знам дека општина Охрид има подготвено такви проекти и цениме дека не очекува една голема инвестициска градежна офанзива. Така што еве сосема на крај да резимирам, уште еднаш благодарност до моите домаќини денеска, до градоначалникот, претседателот на општинскиот Комитет, до охриѓани, до луѓето кои што се со нас овдека и посакувам уште многу проекти да бидат реализирани во периодот кој што следи – рече Мицкоски.