Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум
Фрлен камен темелник на спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец и на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта. Отпочнувањето со реализација на овие значајни проекти, денеска, го означија градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски.
„ Спортска сала во селото Лескоец е проект ветуван триесет години конечно ќе се реализира и Лескоец ќе добие модерен спортски објект во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат учениците и локалното население. Означуваме почеток на уште еден значаен проект а тоа е мултифункционално повеќенаменско игралиште во населбата Видобишта коешто беше дел и од мојата програма, фрламе камен темелник и на тоа игралиште. “ – кажа Пецаков.
Премиерот и градоначалникот беа на увид и на улицата 7-ми Ноември чија реконструкција е завршена и денеска беше и официјално пуштена во употреба.
„ Во септември отпочнува реконструкција и на кружниот тек такашто ќе добиеме една комплетна, на предходно реконструираната ул 15-ти Корпус, кружниот тек и 7-ми Ноември, а во нарачка ни е проектот од Лескоец до Косел , да добиеме еден модерен влез во Охрид од страната на Битола. “- посочи градоначалникот.
Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите коишто ги ветивме пред граѓаните, истакна премиерот Мицкоски.
„ Заедно со градоначалникот, општината ,надлежните во владата, заедно со пратениците од овој регион , заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто е многу значаен. Јас сум горд и среќен што сум дел од овој почеток, од оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбизиозна агенда, самиот кажа дел од проектите коишто се веќе во процес. Инаку вредноста на овај проект е околу 30 милиони денари, дополнително ул 7-ми Ноември над 40 мило денари, заедно со игралиштето и тн еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините за нови проекти за до крајот на оваа година подготвени се од општината проекти за следнта година, такашто она кое со децении не било работено овде во Охрид , ќе биде сработено. “ – рече премиерот.
Премиерот изрази благодарност за посветената работа на градоначалникот, општинската администрација, до советниците и вети дека заедно ќе продолжат да ги решаваат проблемите и да испорачуваат проекти.