Мицкоски: Охрид го добива местото што го заслужува преку силен инфраструктурен развој

Со заедничка инфестиција помеѓу Владата и Општина Охрид од околу 83 милиони денари се реконструира улицата „Кленоец“. Со реконтрукцијата опфатени се целосна промена на атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите.

–Имаме целосна промена на водоводната мрежа, атмосферската канализација, фекалната канализациона мрежа, асфалтирање и уредување на тротоарите. Зошто беше толку важно, ова беше улица каде што а самата водоводна линија претставуваше поврзување на повеќе од 10 до 12.000 жители коишто тековно, посебно во текот на летниот период и неделно се случуваше да имаме по шест или седум дефекти. Тоа ќе биде минато. Добиваме една модерна улица којашто ќе претставува а инфраструктурен објект за којшто ќе го користат повеќето граѓани во општина Охрид, посебно со начинот на којшто го развиваме тој дел од градот, тука мислам на на старата касарна, изјави градоначалникот Пецаков при денешниот увид на терен заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски.

Потенцираше дека во изминатите две години се случуваат или завршиле 23 проекти со вредност од 16 милиони евра.
–Од оние пари коишто Владата ги распределуваше по жител Општина Охрид доби приближно 9,5 милиони евра, останатите 6,5, односно 7, се средства коишто се покриени од страна на општина Охрид. Така да, со несмален интензитет продолжуваме и понатаму. Веќе се нарачани 10 нови проекти за работа во наредните две години, зборувам за поголеми проекти, така што ќе има доста што да гледаме во наредните две до три години по однос на инфраструктурниот развој на општина Охрид, додаде Пецаков.
Охрид се развива и полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа, рече премиерот Христијан Мицкоски. Потенцира дека како Влада, локалната самоуправа, градоначалникот со администрацијата, градските советници и пратениците во собранието ќе продолжат и понатаму својот фокус да го стават на Охрид.

Премиерот Мицкоски заедно со министерот за транспорт Александар Николовски, Градоначалникот Пецаков и пратениците од Охрид го посетија и новиот објект на училиштето Кочо Рацин и младинскиот центар во поранешната касарна.







