Традиционалната василичарска вечер со оган, музика и домашна трпеза во Дебрца ќе се одржи пред општинската зграда во село Белчишта со почеток во 16 часот.
Како што најави градоначалникот на општината, Златко Сиљаноски, настанот ќе биде збогатен со традиционална посета на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски и дел од владиниот врв, што претставува чест и значаен момент за нивната општина.
-Да ја зачуваме традицијата и заедно да ја дочекаме Новата година по стар календар во духот на заедништвото и македонските обичаи, вели градоначалникот Сиљаноски.
