Skip to main content

Улица кленоец

Мигрант од Мароко фатен во Охрид

За случајот со 23-годишниот мигрант од Мароко известен е Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани.
 |  инфодеск  | 
Приведен

Денеска (24.10.2022) во 03:00 часот во СВР Охрид е приведен А.С.(23) од Мароко.

Тој e затекнат на улицата „Кленоец” во Охрид и по извршени проверки, констатирано е дека остварил илегален влез во државата. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани. По документирање на случајот ќе следува поднесок – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.