Skip to main content

Михаил Шикоски со нов државен рекорд во воздушна пушка-сениори

На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа денес на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од СК ,,Охрид“ се закитија со 5 медаљи-две златни, една сребрена и две бронзени.

 |  Голабовски Крсте  | 
strelci
стрелци

strelciНа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма што се одржа денес на стрелиштето во поранешната касарна Стив Наумов во Битола, стрелците од СК ,,Охрид“ се закитија со 5 медаљи-две златни, една сребрена и две бронзени.

Најголем успех постигна Михаил Шишкоски кој со резултат од 603,7 го собори досегашниот рекорд на Македонија и со тоа стана старо-нов државен првак и рекордер во дисциплината воздушна пушка-сениори. На четвртата позиција во истата конкуренција се пласира Горан Здравески со резултат од 561,9 кругови.

Првата позиција кај јуниорките загарантирана за Нина Балабан со резултат од 403,1 круг и со тоа таа  по петти пат стана државен првак на Македонија. Ангела Алексовска со резултат од 379,2 се пласира на третата позиција, додека пак младата јуниорка Јана Маркоска се пласира на четвртата позиција со резултат од 378 кругови.

Кај јуниорите, Мартин Гоџоски со резултат од 561,9 кругови се пласира на второто место, додека пак Васко Попоски заврши како третопласиран со резултат од 547,3 кругови.

{loadposition content9}