Skip to main content

Михаилов во домот на Размоски

Претседателот на ОК ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов и дел од членството, во посета на семејството Размоски од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
mihailov
михаилов

Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена.

mihailov vmroНе сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош.

„Тоа го правиме навистина од срце и како народна партија, луѓе кои што веруваат во добрината, сакаме да помогниме секаде каде што можеме. Едно од тие семејства беше и ова семејство. Би сакале со тоа и на граѓаните на Охрид и на сите останати да им го честитаме Велигден да им посакаме многу здравје, љубов, разбирање, да живееме во слога и мир и да си помагаме едни на други. Ние како ОК и како партија тоа го правиме во повеќе наврати, вие знаете сме имале повеќе акции не само пред празници туку и на луѓе кои што имале потреба дали е тоа медицинска помош или друго, сегде каде што можеме и колку што можеме. Празниците се можеби само еден повод за една хумана работа да се направи нешто за луѓето еден период од годината да поминат подобро, инаку помагањето на луѓето е само внатрешно чуство на секој поединец, сето останато е можеби само вештачка работа“.

{loadposition content9}