ЕУ амбасадорот Михалис Рокас оствари средба со членовите на Советот на Општина Охрид
Во рамки на својата прва официјална посета на Општина Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, денеска оствари средба со претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и со членовите на Советот.
На состанокот се разговараше за низа значајни прашања поврзани со европската интеграција на Македонија, соработката помеѓу Општина Охрид и институциите на ЕУ, како и за актуелни и идни инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.
Советниците поставуваа низа прашања, на кои амбасадорот Рокас со внимание одговараше, споделувајќи ги ставовите на ЕУ за интеграциите, локалниот развој и реформските процеси.
Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше истакната подготвеност за продлабочување на соработката и понатамошна заедничка работа во насока на европската перспектива на Охрид и Македонија.