Образование
1.4 милиони денари за охридските првачиња
Втора година по ред општина Охрид преку програмата за основно образование успешно го реализира проектот „Нашите првачиња“.
Втора година по ред општина Охрид преку програмата за основно образование успешно го реализира проектот „Нашите првачиња“, – напиша на својот фејсбук профил, Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
„На сметките на вкупно 467 родители/старатели на првачиња запишани во основните училишта во општина Охрид за учебната 2023/24 година, исплатен е вкупен износ од 1.401.000,00 денари надополнет со износот на даночните обврски“, – напиша Пецаков.