Skip to main content

Милошоски: Очекуваме извесна и уверлива победа

Извесна е победата за стабилна, унитарна, со еден официјален јазик и економски напредна Македонија, истакна денес од Охрид, Антонијо Милошоски, носителот на листа во петтата изборна единица на завршната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Кандидатите за народни избраници од Охрид очекуваат сигурна победа со 63 пратеници и излез од две годишната политичка криза.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Носителот на 5 ИЕ Антонијо Милошоски на денешната прес конференција од охридскиот плоштад даде завршна изјава, односно порака до македонскиот народ. Милошески истакна дека двегодишната политичка криза, по два дена ќе биде решена со достоинствени и мирни избори и со почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани додаде Милошоски.

„Стабилна, унитарна Македонија со еден официјален јазик, со политичка стабилност и со желба и план за економски напредок. ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија она што го има како сознание од терен од средбите со граѓаните е дека ќе имаме извесна и уверлива победа. Ги покануваме сите оние кои што сакаат да победи, стабилна, унитарна и економски напредна Македонија да ни се придружат, досега зборуваа политичарите, во недела ќе го имаме гласот на народот кој одлучува за Рмакедонија. Да живее РМ.

Од говорницата на плоштадот се обратија и охридските кандидати за пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, и коалицијата за подобра Македонија, д-р Љубен Арнаудов и д-р Сашо Василевски.

„Тука сме собрани на Св Климентовиот плоштад во Охрид да ја најавиме новата победа на ВМРО – ДПМНЕ во недела со 63 пратеници, двегодишна криза во која сите се измачувавме а најмногу страдаше нашиот народ, наместо да се развива економски ние бевме фокусирани на политички проблеми кои на сите ни направија штета. Но во недела очекувам народот масовно излезе и едногласно ги поддржи политиките на ВМРО – ДПМНЕ, кои политики се исклучиво во интерес на граѓаните на РМ и граѓаните на Охрид“
„Зад нас се три недели на интензивна кампања и сакам на сите граѓани и сите поддржувачи да им изразам една благодарност за нивната работа. Во изминативе три недели посетивме над 8000 домови бевме пртекрасно примени и граѓаните на Охрид ја дадоа пораката: Македонија треба да биде унитарна, самостојна со македонски јазик, да биде просперитетна за сигурни редовни и зголемени пензии, за сигурно напредно здравство, за сигурно школство за нови инвестиции, вработување, нови перспективи, Охрид градот на светлината, на Климент на Наум, да биде градот на просперитетот“.

Милошоски, Арнаудов и Василески, веднаш после пресот на Свети климентовиот плоштад, остварија контакти со граѓани кои им се обраќаа, некои со пофалби, други пак со забелешки и барања за решавање на проблемите кои ги тиштат.