Skip to main content

Манифестација

Минатото е богатство на еден народ

Во рамки на манифестацијата беа презентирани турските специјалитети како турско кафе, локум, турски чај, баклава, шеќерпаре, ашуре и старите занаети.
 |  инфодеск  | 
Турска традиција

Со поддршка на Општина Охрид, а во организација на Здружението за промоција на хуманитарни, културни, образовни и еколошки вредности „Синан Челеби“ Охрид, на плоштадот кај „Чинарот” се одржа манифестацијата „Минатото е богатство на еден народ“.

Овој настан покажа дека со неоптоварен поглед кон минатото, уважувајќи ги нашите културни разлики, можеме и знаеме да градиме побогат и посреќен заеднички живот за сите охриѓани.

Турска традиција

Вие, наши драги охриѓани припадници на турскиот народ, досега не броено пати сте покажале дека хармонијата со македонскиот народ, ништо не може да ја поремети – истакна градоначалникот Пецаков.

Во рамки на манифестацијата беа презентирани турските специјалитети како турско кафе, локум, турски чај, баклава, шеќерпаре, ашуре и старите занаети.

Турски јадења