Skip to main content

ЈП Охридски Комуналец: Мини депонии на секој чекор во урбаните заедници

Од ЈП Охридски Комуналец апелираат граѓаните редовно да се информираат за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, согласно годишниот календар за 2024 год.
 |  инфодеск  | 

И покрај сите напори за чист и среден Охрид, граѓаните повторно создаваат мини-депонии во сите урбани заедници, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Последиците од лошите навики сведочат на секој чекор, посочуваат од ЈП Охридски Комуналец.

Од таму апелираат граѓаните редовно да се информираат за акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, согласно годишниот календар за 2024 год.

Апелираме до граѓаните да се почитува динамиката согласно годишниот календар за 2024 год. на акции за подигнување каваст и зелен отпад, а за сите информации да се јават на дежурниот телефон 075-495-428, велат од претпријатието.