Депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“
Формирана мини депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“.
Формирана мини депонија во срцето на населбата „Гоце Делчев“. На самиот влез на населбата „Гоце Делчев“, во близина на објектот на поранешна „Охридска трговија“ а потоа на „Напредок“, никнува мини депонија.
Расфрлани шишиња, шприцеви, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни.
Жителите на населбата реагираат на се поголемите количества смет, кои од ден на ден се акумулираат на овој простор.
Само за информација, на само десетина метри од купиштата ѓубре се наоѓа и неодамна изграденото детско игралиште каде играат децата од оваа населба.
Причина повеќе за ваквата сосотојба е и самиот напуштен објект чиишто сопстеници никако да го средат просторот околу него.
Простор кој што претставува приватен имот, па поради тоа и службите од локланата самоуправа не може на него соодветно да интервенираат.
{loadposition content9}