Министерката в четврток тет-а-тет со кандидатите
Дали конечно најпрестижниот фестивал во Македонија и пошироко, Фестивалот Охридско лето ќе добие директор?
| | Охрид
Охридско лето
Дали конечно најпрестижниот фестивал во Македонија и пошироко, Фестивалот Охридско лето ќе добие директор? Од Министерството за култура велат дека на последниот конкурс кој заврши вчера, а беше распишан поради поднесувањето на оставката на последниот директор, Васко Василески, за ова престижно, но жешко место биле пријавени шест кандидати. Министерката Елизабета Канческа- Милевска со сите нив ќе има блиска средба в четврток кога подетално ќе ги разгледа програмите и да се надеваме конечно ќе одлучи кој ќе го поведе фестивалот во нови успеси.