Skip to main content

Министерката за култура најави повеќе средства за културните установи во Струга

Тековните активности, проектите што планираат да ги реализираат во периодот што следува, но и проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење беа темите на средбите помеѓу директорите на националните установи од културата во Струга и Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за култура.

 |  Голабовски Крсте  | 

За Struga Poetry Evenings / Струшки вечери на поезијата  N.U. Centar za kultura “Braka Miladinovci” – Struga, Музеј д-р Никола Незлобински Струга – Dr Nikola Nezlobinski Museum Struga годинава се издвоени значителни средства за инвестиции.

Работиме на подобрување на условите, но и двојно се зголемени буџетските средства за проекти во сите дејности во Центарот за култура, а во Музејот „Д-р Никола Незлобински“, кој е еден од најстарите во Југоисточна Европа, годинава со 2,3 милиони денари ќе се осовремени постојната природонаучна поставка, која е единствена по својата содржина – вели министерката.

Министерката се сретна и со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, со кој разговараше за интензивната соработка помеѓу локалната и централната власт во областа на културата во овој туристички центар и следењето на препораките од УНЕСКО.