Skip to main content

СВР Охрид

Министерот Тошковски ќе ги посети српските и македонските полицајци кои спроведуваат заеднички патроли во Охрид

Денешната активност на министерот Тошковски е во согласност со протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на РСМ и на Република Србија што неодамна, беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји.
 |  инфодеск  | 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес, петок (30.08.2024), во  Охрид, ќе ги посети полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија и на македонското МВР, кои на подрачјето на Охрид, спроведуваат заеднички патроли. Средбата е предвидена во 14 часот , по што министерот Тошковски, заедно со соработниците од МВР и СВР Охрид, со полициските службеници од Србија и Македонија и полициското аташе на МВР на Република Србија, ќе остварат заедничка патролна активност по кеј „Македонија” до градскиот плоштад „Св.Климент Охридски” по што ќе одржат прес конференција, се вели во соопштението од СВР Охрид.

Во рамките на посетата, министерот Тошковски, ќе оствари работна средба со раководството на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” и СВР Охрид. Денешната активност на министерот Тошковски е во согласност со протоколот за соработка за време на туристичката сезона на МВР на РСМ и на Република Србија што неодамна, беше потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји, се додава во соопштението.