Skip to main content

Министерот за одбрана денес во Охрид

Денес во Охрид министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на НАТО напредната школа на тема „Борба против активностите на ИСИС за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.

 |   | 

Работилницата се реализира во ко-организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Бугарската академија на науките, а ќе се одржи во периодот од 3 – 7 април. Учесници се над 45 претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На работилницата ќе стане збор за глобалните трендови во однос на употребата на сајбер-просторот и технологиите од страна на ИСИС, а ќе се осврне и на градењето на регионална соработка помеѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир.