Skip to main content

Министерска конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во Охрид

Охрид домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“
 |  инфодеск  | 

Охрид денес и утре ќе бидe домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“.

Конференцијата официјално ќе биде отворена утре, 12 декември во 10:00 часот со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, Магдалена Ландри, министри за култура, заменици-министри и претставници од земјите од ЈИЕ.

На конференцијата ќе биде усвоена Охридската декларација „Одржливи културни модели за иднината“.

Република Македонија го презеде претседателството со „Советот на министри за култура од ЈИЕ-јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ во 2024 година за време на министерската конференција што се одржа во Херцег Нови, Црна Гора.